28.8.2019 година Не се случува често светска бизнис естрадна ѕвезда да го спушти својот приватен авион на скопскиот аеродром и да најави гламурозна претприемачка авантура која што од Македонија би направила европска „канабис супер сила”. И додека Мајкл Штрауметис на својот инстаграм профил не води низ секој чекор од средбите со функционери на високи позиции, вклучувајќи го и премиерот, секторот за односи со јавноста одбива да одговори која е целта…
ИРЛ
21.8.2019 година По неколку часа распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка вечерва и одреди 30 дневен притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На одлуката на судот Јанева има право на жалба преку нејзините адвокати. Во случајот „Рекет“ Јанева како третоосомничена се сомничи дека ја злоупотребила службената положба и овластување. По завршувањето на распитот на Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, за медиумите…
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба пред малку беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева е однесена во просториите на СЈО, каде во нејзино присуство се вршат претреси, а според извори од истрагата во исто време претреси се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во 14 часот закажа прес конференција, каде ќе соопшти повеќе детали за приведувањето на Јанева и…
Едно евро за храна дневно и една банана месечно добиваат студентите сместени во државните студентски домови „Стив Наумов“, „Гоце Делчев“ и „Кузман Јосифовски – Питу“, кои функционираат под капата на Државниот студентски центар Скопје – ДСД Скопје. Од 3,5 милиони евра просечен годишен буџет со кој располага ДСД „Скопје“ само 15 отсто се издвојуваат за исхрана на студентите, а 28 отсто за плата за вработените, покажуваат резултатите од истражувањето на…

















