На сметката на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, нема ни трага од парите за кои бизнисменот Силјан Мицевски денеска тврдеше дека ги префрлил на сметката на невладината, а не на пензионерката Лилјана Тодоровска. Истражувачка репортерска лабораторија пред речиси еден месец ги побара годишните сметки на оваа организација и од нив може да се види дека за две години колку што постои Меѓународниот сојуз имало вкупно 5.500 евра. Ова е втор…
ИРЛ
Садула Дураки и е повеќе од контроверзен во јавноста. Неговите непристојни испади и никакви резултати како министер за животна средина не ја спречија владата да го назначи за заменик премиер во владата или вицепремиер задолжен за Министерството за политички системи и односи со заедниците. Но, тоа не е се. Садула Дураки е и политичарот со најмногу членски и претседателски позиции во владините комисии. Тој учествува во одлучувањата за вработувања и…
Тимот кој ја изработува емисијата „КОД“, Сашка Цветковска од Истражувачката репортерска лабораторија и новинарите од „МакФакс“ Кристина Озимец и Васко Маглешов ги добија нарадите на ЕУ за истражувачко новинарство. Наградите денеска им ги додели амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар. Првата награда им припадна на Снежана Лупевска, Миомир Серафиновиќ и Билјана Николовска од КОД, емисија која се емитува на телевизија „Телма“ за сторијата „Крадење идентитети на граѓани за…
Обвинителот Ацо Колевски денеска е избран за претседател на Советот на јавни обвинители. Колевски бил единствен пријавен кандидат и е избран едногласно. По започнувањето на вчерашната постапка за разрешување на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Колевски денеска не сакаше да одговори дали Советот ќе избере нејзин наследник. „Советот одлуките ги носи со мнозинство гласови, така што, доколку ова прашање се постави во работата на Советот јас ќе го изнесам на…

















