Во пресрет на локалните избори, Владата ја подотвора вратата повторно да дозволи државно спонзорирање во медиумите. Пред една недела Министерството за економија распиша два тендера во вредност од 220.000 евра за промоција на туризмот преку реклами во интернет портали. Еснафските новинарски здруженија стравуваат од можен поткуп и таргетирање на „свои“ медиуми каде ќе се слеваат парите. Од Владата тврдат дека кампањите биле дел од напорите да се помогне на овој…
ИРЛ
Стојко Пауновски е лојален член на матичната партија. Но, и човек со сопствено мислење и ставови. Тоа ќе се покаже како погубно за неговата кариера и неговите несогласувања со политиките на власта ќе го тргнат преку ноќ од листата на пријатели на премиерот. Зоран Заев со Артан Груби и Љупчо Николовски ќе почне вистинска крстоносна војна против Пауновски и ќе се бара неговата оставка. Но, директорот доби неочекувана поддршка од…
Со првата издадена дозвола за градба, градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, го отвори патот за уништување на шумата на Водно. Озлогласените плацеви од „бомбите“ на СДСМ купени со сомнителни пари и офшор фирми, станаа градежно земјиште на кое наскоро ќе почне изградба на првата хациенда. Неа ќе ја гради Филип Костиќ, лице непознато во елитните бизнис кругови. Пишува: Маја Јовановска; Дополнително известување: Александра Денковска, Давид Илиески; Илустрација: Лука Блажев…
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) изврши претрес на станот во Москва на Роман Анин, главниот уредник на IStories. Офицерите заплениле телефони и документи во станот на новинарот кој го истражува Кремљ. Рускaта полиција во петокот изврши претрес во станот на новинарот Роман Анин во Москва запленувајќи телефони и друга електронска опрема и документи. Анин, основачот на iStories и еден од водечките руски репортери кој работеше на истрагите за…

















