Press "Enter" to skip to content

ИРЛ

Малата депонија со токсичен линдан во Охис ќе се чисти 2 години

Во дворот на хемискиот гигант Охис, во општина Кисела Вода, со децении се закопани илјадници тони токсичен линдан, распоредени во две депониии. Познати како големата и малата депонија, тие заедно заземаат околу 60.000 тони контаминирана почва. Овој месец Организацијата за индустриски развој на Обединетите Нации распиша меѓународен тендер за чистење на малата депонија. Од Канцеларијата за неразградливи органски загадувачи – ПОПС при Министерството за животна средина и просторно планирање велат…

Антикорупциска ги крие деталите за имотната состојба на Заев и Анѓушев

Антикорупциската комисија не одзволува увид во деталите од имотните листови на премерот Зоран Заев и вицепремиерот Кочо Анѓушев. ИРЛ побара да го види договорот за подарок на стан во Струмица на сопругата на премиерот Зорица Заева, како и договорот за продажба на удел во „Феро инвест“, фирма во сопственост на Анѓушев. Одлуката на Антикорупциската комисија не е конечна, бидејќи според законот може да се жалиме во Комисијата за заштита на…

Студентите и професорите на заеднички протест

Студентите и професорите на Институтот по хемија денеска сложно и заеднички протестираа за подобри услови за студирање. Нивниот револт од игнорантноста на институциите надлежни за високото образование, одлучија да го изразат со 30 минутна пауза од наставата на која ги изложија своите барања.  Професорката Марина Стефова, раководителка на Институтот по хемија при Природно-математичкиот факултет, вели дека тие донеле одлука јавно да го изразат незадоволството од третманот кој го добиваат и…

Последната битка за парцела на плоштадот

На плоштадот во Скопје веќе нема државна земја за продавање за џабе. Нема ни место за градење. Но, можностите не се ограничени. Во моментов се војува за парцелата со недовршениот хотел “Мериот Кортјард” и Офицерскиот дом. Кој е Миле Кратер и што сака од Сергеј Самсоненко? Автор: Maja Јовановска; Дополнително известување: Давид Илиески Уреди: Сашка Цветковска Ако сакате да градите на плоштадот во Скопје или во негова близина, земја веќе…