Press "Enter" to skip to content

Министерството за здравсто бара итна и независна истрага од институциите за маските со лажни сертификати

Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции по текстот на ИРЛ за лажните сертификати за лична заштитна опрема, односно КН95 маски. Во меѓународното истражување ИРЛ откри дека најмалку седум јавни здравствени институции набавиле маски кои имале лажни и невалидини сертификати за квалитет и се под истрага на Европската канцеларија против измами ОЛАФ. Маските биле кинески, а институциите ги набавиле на тендер. Трите македонски компании ги увезле, купиле и продале спорните маски од типот КН95 се „Др Пановски АД“, „Систина Фармација“ и „КМ Маријан“. Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ не вршела проверки на квалитетот на увезената заштитна опрема затоа што немале таква надлежност, но тие, сепак, им издавале одобрeнија за увоз.

Во продолжение целото соопштение од Министерството за здравство, кое се лиферуваше до медиумите неколку часа по објавување на сторијата на ИРЛ.

„Во врска со текстот објавен на порталот irl.mk под наслов „Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага“, Министерството за здравство информира дека не располага со информации поинакви од она што е објавено во текстот, а е цитирано од МАЛМЕД. На барање на Министерство за здравство, МАЛМЕД достави сосема идентични одговори. Во однос на информациите наведени во гореспоменатиот текст за набавки на маски со фалсификувани сертификати, Министерството за здравство информира дека нема надлежност да постапува и да врши истраги, ниту пак да утврдува веродостојност на дадените документи. Министерството за здравство бара итна, брза и независна истрага од страна на надлежните институции за да се утврди точната состојба. Министерството целосно стои на располагање во рамки на своите надлежности за соработка со сите надлежни институции за да се утврдат евентуални неправилности во посочените продукти и соодветно да се реагира за да се заштити јавното здравје и медицинските работници.“

Прочитајте ја целата сторија на ИРЛ за тоа како поради системска грешка на МАЛМЕД маските со лажни и невалидни сертификати завршија во здравствените институции.

Маски со лажни сертификати за заштита од корона завршиле низ болниците во Македонија, ОЛАФ води меѓународна истрага

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »