Press "Enter" to skip to content

Линданот од Охис ќе се вади, не се очекува хаварија, но можно е зголемување на загадувањето поради транспортот

“Хаварија во голем обем при отстранувањето на линданот не се очекува, освен ако не се почитуваат стандардите. Сепак, не е исклучено значително зголемување на загадување на воздухот, додека се одвива процесот на транспорт во камионите кои што ќе го однесат во некоја од високо развиените европски земји, каде што има печки за согорување, кои се апсолутно безбедни во однос на согорувањето”, вели професор Трајче Стафилов кој што ги правеше истражувањата заедно со свои колеги за последиците од закопаниот линдан.

танува збор за објавување на меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот кој ќе биде отворен до 11 ноември. Проектот ќе биде поддржан од Организацијата за индустриски развој на Обединетите нации (УНИДО). Средствата за отстранување на линданот од малата депонија се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд, во висина од 3,5 милиони долари, и дополнителни 6 милиони од Владата на Македонија.