Бизнисменот Јордан Камчев денеска сведочеше во случајот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски и Катица Јанева, а третиот обвинет Зоран Милески – Кичеец доби казна затвор од три години. Камчев рече дека Јовановски и Јанева се режисерите кои го конструирале случајот „Империја“ во кој тој е осомничен, со цел да му изнудат милиони евра. Освен нив двајца тој додаде дека на обвинителната клупа треба да седне и обвинителката Лиле Стефанова, која им била „извршител“.
Камчев тврди дека не се претставува како жртва, туку дека е жртва во „Рекет“, за што вели има докази со сите изнуди кои му биле направени „од страна на оваа злосторничка група предводена од Јанева и Јовановски“.
„Кога влегов во притвор се ми беше јасно. Не може во држава која претендира да биде членка на ЕУ и НАТО, во која јас вработувам 3000 семејства и плаќам највисок данок, во која сум лојален граѓанин, дека може вака монструозно да се скрои случај.“
Прочитајте ја нашата денешна репортажа од судницата