Press "Enter" to skip to content

Кај ми е сонцето

Македонија е најсончевата земја во Европа. Во време на глобална енергетска криза, Македонија како ретко која земја има голема предност – сонцето. ЕСМ е фирма на граѓаните. Таа за нас би можеле да прави струја од сонцето. Има и искуство и капацитети, а прашањето на енергетика се смета за безбедносно прашање за сите членки на НАТО. Но, државното сонце отиде на продажба. 

Наместо ЕСМ, поранешниот вицепремиер Анѓушев ќе добие дел од македонското сонце, на третина век. ИРЛ првпат открива дека сето ова не би било можно без физибилити студијата на поранешниот генерален секретар Драги Рашковски. Нарачал и платил документ што дал проценка дека приватници треба да ја реформираат државната компанија ТЕЦ „Осломеј“ во сончев генератор на струја, а не ЕСМ. Студијата се работела заедно со тимот на Анѓушев. Откако си даде оставка од позицијата вицепремиер за економија, тој стана партнер во „Осломеј“. 

Известува: Бојан Стојановски;  илустрација: Лука Блажев; редактура: Сашка Цветковска

Климатските промени и енергетската криза предизвикани од војни и недостиг на ресурси високо ги позиционираа таканаречените сончеви држави како Македонија на мапата на потенцијално енергетски одржливи земји. Дополнително, овие амбиции ги следат и „дебели“ европски фондови. Несомнено, експлоатацијата на сонцето станува и македонски државен проект, но и исплатлива инвестиција. Но, наместо енергијата да е во рацете на граѓаните преку наменски формираните државни претпријатија, Владата овој ресурс го става во функција на приватниот интерес, односно бизнисот. 

Перфидна предност: Што беше, а што ќе биде ТЕЦ „Осломеј“

Јавно-приватното партнерство (ЈПП) е можност приватните компании во релација со власта да изградат цврст партнерски однос кој освен за државата носи профит и за фирмите што одлучиле тесно да соработуваат за, според нив, да се задоволат јавниот интерес и бизнис-апетиот. Како пример за „успешен“ модел на ЈПП се двете нови фотоволтаични централи од по 50 MWh во ТЕЦ „Осломеј“, инаку државен капацитет, барем до скоро. Во една од фирмите, по старо „Соларпро Скопје“, а по ново „Рењувбл енерџи саплај“, управител и дел од сопствеништвото е поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, горд креатор на државната енергетска политика како и на Законот за енергетика – еден од првите потфати на владата на СДСМ во 2017 година. 

Термоелектроцентралата „Осломеј“ во Кичево е еден од најголемите загадувачи на воздухот. Согорувањето јаглен за производство на струја неминовно ги труе кичевчани и околината. Екоздруженијата и медиумите константно предупредуваат низ годините дека овој објект е токсичен по животот и здравјето на луѓето и животната средина. Објектот е пуштен во употреба во 1980 година и има моќност од 125 MWh. Лани на 1 декември печките во ТЕЦ „Осломеј“ се запалија за да се компензира недостигот на струја поради светската енергетска криза. Кусоците на електрична енергија, освен од скап увоз, ги надополнувавме и со работата на ТЕЦ „Осломеј“ со увезен нискокалоричен лигнит од Косово. Иако ставен во погон, плановите за „Осломеј“ се други –  преродба на термоелектроцентралата во извор на зелена обновлива енергија добиена од сонцето. Идејата и не е така стара. Се зародува во 2019 година, кога вицепремиер за економски прашања е господинот Кочо Анѓушев. Визијата за трансформација на кичевскиот загадувач во сончева фарма ја реализира тогашниот генерален секретар во Владата Драги Рашковски, преку кого оди нарачката и изработката на физибилити студија за ТЕЦ „Осломеј“ – објект под надлежност на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ)

Физибилити студија по мерка на корисникот 

Употребната вредност на сонцето во ТЕЦ „Осломеј“ е измерена во физибилити студија со работен наслов „Фотоволтаична централа Осломеј“. На повеќе од 100 страници авторите д-р Александар Дединец, научен соработник во МАНУ, и Дарко Јаневски, правен експерт во Друштвото за консултантски услуги АЦТ ДОО Скопје, објаснуваат зошто државата треба да се заортачи со приватни фирми за да изгради две фотоволтаични централи од по 50 MWh. Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ ја нарачал тогашниот генсек на Владата Драги Рашковски за потребите на ЕСМ. Вицепремиер е господинот Кочо Анѓушев. Документот за оправданост за ЈПП што го обезбеди ИРЛ покажува учество на кабинетот на тогашниот вицепремиер во тогаш само идејата – ТЕЦ „Осломеј“ од место за согорување јаглен и јаловиште да прерасне во сончева долина. 

Опис: Извадок од физибилити студијата „Фотоволтаична централа Осломеј“ на авторите Александар Дединец и Дарко Јаневски 

Авторите на документот не го споменуваат Кочо Анѓушев во физибилити студијата туку само нотираат „кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања“. Од Владата за ИРЛ одговорија кој на која позиција бил кога Дединец и Јаневски почнале да пишуваат зошто ЈПП за ТЕЦ „Осломеј“ е најдобрата опција.

„Во периодот кога генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија бил Драги Рашковски, а вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев била започната постапка за ангажирање двајца експерти, со авторски договор, за изработка на физибилити студија за ЈПП за фотонапонска електрана во ТЕЦ ‘Осломеј’ и обезбедување техничка помош за спроведување постапка за избор на приватен инвеститор“, одговорија од Владата.

 Чиј интерес се крои во кабинетските политики      

Физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“ открива дека улогата на господинот Кочо Анѓушев во реализацијата на приватните фотоволтаични централи на државно земјиште воопшто не била спорадична. Тогашната заложба на вториот човек во Владата да се искористат сончевите зраци, а „опасниот загадувач“ близу Кичево да се трансформира во извор на обновлива енергија за производство на струја денес е реалност. Веќе се избрани две компании – бугарската „Соларпро“ и турската „Фортис енергетика“. Треба да функционираат како две посебни постројки, секоја со моќност од по 50 мегават-часа. 

Опис: Фотографија од „Гугул ерт“ од физибилити студијата „Фотоволтаична централа Осломеј“ на авторите Александар Дединец и Дарко Јаневски

Локацијата е избрана. Теренот е обележан. Инвеститорите се соопштени. Проектот е испофален во јавноста, и тоа не од кој било – од државниот врв. Лани во октомври тогашниот премиер Зоран Заев ќе изјави дека фотоволтаиците во ТЕЦ „Осломеј“ ќе бидат запаметени како прва енергетска транзиција на електрана на јаглен во капацитет за чиста енергија. Заслугите одат на контото на двете компании кои ги препознаа државните политики во енергетиката.      

Но, јавноста лани во октомври не ни насетуваше дека во македонската Соларпро Холдинг Скопје каде дел од управителите е Јури Богомилов Китанов кој се јавува како еден од сопствениците на Соларпро Холдинг во Софија, ни помалку ни повеќе во сопственичката структура ќе влезе господинот Кочо Анѓушев или во македонската Соларпро Холдинг Скопје. Но веќе на 1 март годинава фирмата „Соларпро Холдинг Скопје“, се преименува во „Рењувбл енерџи саплај“. Освен нов бренд, промената во сопственичката структура го носи и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев кој кога бил на позиција се изработила физибилити студијата за потребата од приватна инвестиција во ТЕЦ „Осломеј“ по пат на ЈПП. Во компанијата „Рењувбл“, Анѓушев влегува преку семејната фирма „Централ инвест“ каде што како сопственици се јавуваат сопругата и двата сина на ексвицепремиерот. На „новата“ „Рењувбл енерџи саплај“, освен „Централ инвест“ на фамилијата Анѓушеви, како сопственик се јавува и „Токи пауер“ од Софија – фирма пак каде во Одборот на директори е Јури Богомилов Китанов. Управители на „Рењувбл“ се Кочо Анѓушев, извесен Александар Петревски од Скопје и Јури Богомилов Китанов од Софија, кој пак е еден од сопствениците на Соларпро Холдинг од Софија – фирма која инвестира во 50 MWh фотоволтаична централа.

Анѓушев во неколкуте пи-ар настапи низ македонските медиуми тврдеше дека отворил нова екофирма, а не дека станува збор само за ребрендирање на „Соларпро холдинг“ од Скопје. 

„Ако сте подготвени да ја продавате по фиксна цена електричната енергија од своите извори, без разлика на тоа дали таа цена ќе порасне, тоа ќе овозможи да им понудите фиксна цена и на вашите крајни клиенти. Целта е РЕС да стане стабилен извор и тоа може да се направи само ако имате сопствена енергија. Идејата е сопствената енергија да ја понудиме до крајни корисници во стопанството во Македонија. Значи, станува збор за нов концепт што го подготвуваме и од 1 јуни ќе започне да функционира“, ќе изјави д-р Кочо Анѓушев во интервју за порталот „Фактор“ на 21 март.

Текстот во физибилити студијата открива дека кабинетот на Кочо Анѓушев учествувал во изработката на документот. Откако експертите утврдиле дека е потребно јавно-приватно партнерство, а не да инвестира самата компанија ЕСМ во фотоволтаици, поранешниот заменик-премиер станува еден од газдите и управител на компанијата која следните 35 години ќе биде партнер со државата во експлоатација на сонцето за профит.

Инвестицијата во две фотоволтаични централи од по 50 MWh е во вредност помеѓу 60 и 80 милиони евра

Авторите на физибилити студијата Александар Дединец и Дарко Јаневски во студијата за оправданоста на јавно-приватното партнерство ќе напишат дека „побратимувањето“ на државата со приватни компании ќе отвори нови зелени работни места, ќе влијае на заштита на животната средина, а ТЕЦ „Осломеј“ од загадувач ќе стане производител на струја од незагадувачки извори. За двете фотоволтаични централи е обезбеден простор од 150 хектари кој служел како одлагалиште за ТЕЦ „Осломеј“, а во катастар е заведен како неплодно земјиште во сопственост на ЕСМ. Физички се поделени на две парцели – една од 75 хектари, а втората, малку поголема, 76,4 хектари. Документот за оправданоста на ЈПП открива дека на компаниите ќе им се потребни максимум 14 години за целосно да ја повратат инвестицијата, додека ЕСМ, кои треба да обезбедат приклучок во мрежата на МЕПСО, инвестицијата би ја вратиле за една или две години, а таа може да се движи од 300 илјади до 2,5 милиони евра. Дединец и Јаневски во студијата, повикувајќи се на „Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година“, нотираат дека се потребни големи инвестиции, но и нужно преориентирање кон производство на струја од обновливи извори на енергија – сонце и ветер, а клучна улога во овој процес треба да имаат Електрани на Северна Македонија.

Опис: Извадок од физибилити студијата „Фотоволтаична централа Осломеј“ на авторите Александар Дединец и Дарко Јаневски

 

Авторските договори за Дединец и Јаневски исплатени преку Генералниот секретаријат на Владата

Авторските договори на Александар Дединец и Дарко Јаневски, креатори на физибилити студијата за ТЕЦ „Осломеј“, се плаќани на месечно ниво. Исплатите оделе преку Генералниот секретаријат, а ангажирани се преку оваа институција да го изработат документот додека генерален секретар на Владата е сега обвинетиот за злоупотреба на службената положба и перење пари, Драги Рашковски. Дединец и Јаневски авторскиот труд го валоризирале со по 80 илјади денари месечно, а биле ангажирани од 19.11.2019 до 31.3.2021 година. За период од 16 месеци ангажман наплатиле по околу 20 илјади евра секој од нив. Александар Дединец е стручен соработник во Македонската академија на науките и уметностите, но и според објавите во медиумите тој е гостин на партиските трибини на СДСМ наменети за состојбата во енергетиката во земјава, каде што Дединец експлицира ставови најчесто со Васко Ковачевски, актуелен директор на ЕСМ.

Опис: Трибина на СДСМ во Битола – „Агенда 20-24 – енергетика“. Александар Дединец прв од десно. Фото МИА (5.2.2020)

Вториот автор, Дарко Јаневски, е соосновач во Друштвото за консултантски услуги АЦТ ДОО Скопје. На физибилити студијата е потпишан како правен експерт. Според описот на веб-страницата на АЦТ, Јаневски во биографијата објавил дека најдолгорочно работел на проектот „Е-влада“ финансиран од УСАИД од 2004 до 2011 година. Бил претседател на две невладини организации, а во својот опис на работниот ангажман наброил дека работел на краткорочни и долгорочни проекти финансирани од разни странски донатори (УСАИД, ЕУ, ИФЦ, ГИЗ). Како опис за област за експертиза на страницата стои дека Друштвото за консултантски услуги АЦТ е специјализирано за „концесии и јавно-приватни партнерства“. 

Иако се обидовме, не успеавме да ги добиеме двајцата автори на физибилити студијата без која ќе немаше предуслови државата да се одлучи на јавно-приватно партнерство. Клучниот документ што го подготвија Александар Дединец и Дарко Јаневски покажува дека нивните проценки биле дека далеку поисплатлив модел за ЕСМ е Електрани на СМ да не инвестираат во фотоволтаици сами туку да најдат партнер од приватниот сектор. Од ЕСМ за ИРЛ посочија дека во завршна фаза е потребната документација и дел од неа е предаден во надлежните министерства на одобрување, а во тек биле почетни работи околу организација на градилиштето во рамки на ТЕЦ „Осломеј“ каде што треба да се постават 100-те MWh фотоволтаици. 

Корекција: Овој текст беше корегиран во 14:00 часот на 18.5.2022 по забелешка испратена од Соларпро Холдинг од Софија. Во првичната верзија пишуваше: Но, јавноста лани во октомври не ни насетуваше дека една од фирмите кои одлучија да инвестираат во зелена обновлива енергија пролетва ќе добие нов газда – ни помалку ни повеќе – господинот Кочо Анѓушев“. По оваа ургенција текстот беше променет и во истата реченица Соларпро беше заменет со Соларпро Холдинг Скопје.

 

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.