Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиевски во интервју за А1он откри дека разговарал со општинскиот советник Нефи Усеини за отстранување на неговата бетонска база, која е дивоградба.
„Разговарав со Нефи Усеини и му кажав дека час поскоро бетонската база од таму треба да се отстрани. Тој ми кажа да побараме локација таму кај што е предвидено. Му одговорив дека не сум му агенција за недвижнини и не можам него да му барам локација низ градот за неговите објекти кои ги поставил на несоодветно место“, изјави Георгиевски во интервју за А1он.
По препорака на УНЕСКО, Охрид требаше да започне со уривање на дивоградбите во септември. Но, наместо да ги уриваат сами, тие го оставија отстранувањето на сопствениците.
Можеби би ве интересирало:
(ВИДЕО)Роберт Поповски: Пазарот ќе одлучи кој е добар, а кој лош новинар
Откажан протестот на Нефи Усеини против уривање на дивоградбите, кои и така не се рушат