Press "Enter" to skip to content

Галовеј: Ефективноста и интегритетот на правосудството е предуслов за национална стабилност

Британската амбасадорка Рејчел Галовеј, денеска во интервју за МИА рече дека реформите во обвинителството се дел од пошироките реформи поврзани со владеењето на правото што се приоритетни за ЕУ, за НАТО и за граѓаните на Северна Македонија и затоа политичките партии мора да го стават интересот на земјата пред сè.

„Ефективноста и интегритетот на целокупното правосудство е предуслов за национална стабилност и просперитет. Советот на ЕУ отсекогаш бил јасен дека треба да се утврди правна одговорност за сторените противзаконски дејства за кои јавноста дозна од прислушуваните разговори од 2015 година“, изјави Галовеј.

Според неа, квалитетните законски рамки се важни, но владеењето на правото се заснова на нивната примена, па затоа случајот „Рекет“ е можност да се покаже делотворно, навремено и неселективно спроведување на законите.

„Најважно е граѓаните да видат дека владеењето на правото подеднакво важи за сите“, потенцира Галовеј.