Една година пред парламентарните избори почна раздвижување на медиумскиот пазар. Секојдневно се појавуваат нови информативни интернет портали, чии сопственици никогаш не биле дел од медиумскиот бизнис, ниту пак кадарот доаѓа од новинарската фела. Непознати имиња стојат во импресумот на некои портали, а има и такви кои немаат никаква информација кој е сопственик, иако според текстовите може да се насети од која „политичка кујна“ излегуваат. Неодамна на пазарот се појави нова…
Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на дебата на „Телевизија 24“ во врска со добивањето на датум за преговори истакна дека во пресрет на датумот прво треба да се решат голем број на проблеми. Но и да не се реши ваквите проблеми, Милошоски вели дека ако се отворат преговорите, владата ќе биде под притисок да ги решава проблемите. „Ако добиеме датум за преговори, во тие преговори владата ќе биде…
Општините Охрид и Дебарца направија регистар на дивоградби, а Струга, за која градоначалникот Рамиз Мерко тврдеше дека нема, тоа ќе мора да го стори до крајот на октомври. Прогласен е мораториум за градење во Охридскиот регион, а некои нелегални објекти се рушени или се во процес на рушење. Ова се дел од пораките кои македонската делегација предводена од министерот Едмонд Адеми задолжен за мерките на УНЕСКО и градоначалникот на Охрид,…
Директорот на Фондот за здравство, Ден Дончев во изјава на емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“ истакна дека има пари за укинување на квотите за лекови. „Пари за укинување на квотите за лекови има и оваа мерка е добра е добра, среќна вест, од корист за сите граѓани. Бенефит ќе имаат сите осигуреници. Секој во секое време од која било аптека ќе може да си го подигне потребниот лек. Се…

















