Новиот млад претседател на Украина Володимир Зеленски – познат на западот како амбициозен реформатор – со голем ентузијазам ги користи социјалните медиуми. Тој ги користеше своите „богати“ и популарни профили на Инстаграм и Фејсбук за да стигне до голема публика за време на неговата неодамнешна изборна кампања. Тој не застана тука. Неколку месеци по неговата убедлива победа на изборите во април, објавите на Фејсбук на Зеленски сè уште добиваат десетици…
Кога ќе се земат в обзир аспирациите на земјите од Западен Балкан за влез во евроатлантските трговски и безбедносни организации, речиси секогаш предничи зборот „реформи“. Меѓутоа, како што пишува порталот „Европски Западен Балкан“ (ЕЗБ), нема значајни реформи од владите во Западен Балкан и покрај опсегот на пропишани и имплементирани мерки, напротив, демократските стандарди постојано назадуваат. Европската Унија е свесна за тоа, како што е свесна дека пристапот кон овој регион…
ИРЛ пишуваше за двојните станрди на судиите и на обвинителите со кои одредени лица се лишуваат од слобода, а други се ослободуваат. Во случајот на Јордан Камчев тој излезе од Шутка и замина во куќен притвор иако на Судот му беше наведено дека тој постои опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци во време кога истрагата уште трае, дека поседува и бугарски пасош и фирми и сметки надвор…
Разочаран како властите и управата на државниот универзитет Св. Кирил и Методиј се справуваат со аномалиите во образованието, професорот Илија Ацевски, на неговиот последен рабоден ден ги истакна проблемите кои со години го уништуваат образовниот систем. На само еден ден пред пензија, по 50 години работа, професорот по Социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, испрати порака до менаџментот, професорите и студентите – корумпираниот систем упропасти голем дел од студентите. Без да…

















