Двајца министри, претседател на Парламент и претседателка на Антикорупциска комисија, како и невропсихијатар ја отворија работилницата со која се означи почеток на процесот за изготвување Национална стратегија за спречување на корупцијата 2020 – 2024. А, во публиката ракоплескаа министрите Венко Филипче, Дамјан Манчевски, Горан Сугарески, Арбер Адеми, Мила Царовска и голем број пратеници од власта. Првата антикорупционерка, Билјана Ивановска, најави дека во следните два месеца во соработка со повеќе институции,…
Со возило на Брза помош првоосомничениот во т.н случај „Рекет“, Бојан Јовановски, денеска беше изнесен од Обвинителството за организиран криминал каде што требаше пред Русковска да дава исказ. Јовановски беше изнесен на носилки до возилото на медицинската екипа која пристигна во Обвинителството дваесетина минути по доаѓањето на Јовановски. Кратко потоа, адвокатот на Јовановски, Сашо Дуковски пред медиумите изјави дека Јовановски не дал исказ, бидејќи состојбата постојано му била влошена. „Се случи…
И оваа зима граѓаните ќе дишат енормно загаден воздух, велат од невладината организација Еко-свест. Предупредуваат дека само 30 проценти од мерките за намалување на аерозагадувањето кои ги вети владата за годинава се завршени. „Дефинитивно имплементацијата на мерките за справување со загадениот воздух затајува и не оди со таа брзина што ние би сакале. Секако, наскоро ќе треба да престанеме да ги носиме и само оние мерки кои се популистички, а…
Законот за одгледување на канабис за медицински цели беше донесен во 2016 година, што ја направи Македонија четиринаесеттата земја во Европа која ја легализираше марихуаната за медицински цели. До мај 2018 беа доделени скромни 7 лиценци за одгледување на канабис. Една година подоцна, во Македонија 31 фирмa садат канабис. Но, бизнисот кој ветуваше 100 милиони евра девизен прилив, сеуште тапка во место. Производителите се жалат дека поради лошите закони тие…

















