Press "Enter" to skip to content

Милошоски: Ако се отворат преговори, владата ќе биде ставена под притисок да ги решава проблемите кои сега не сака или нема капацитет да ги реши

Антонијо Милошоски пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на дебата на „Телевизија 24“ во врска со добивањето на датум за преговори истакна дека во пресрет на датумот прво треба да се решат голем број на проблеми. Но и да не се реши ваквите проблеми, Милошоски вели дека ако се отворат преговорите, владата ќе биде под притисок да ги решава проблемите.

„Ако добиеме датум за преговори, во тие преговори владата ќе биде ставена под конструктивен притисок одредени теми или проблеми кои нема капацитет да ги исполни да ги реши како зададена домашна задача или обврска“,  рече Милошоски.

Како пример, Милошоски го посочи тоа што веќе две години не може да се избере државен ревизор, а вината за тоа е кај тоа ја гледа во владината коалиција.