Press "Enter" to skip to content

Еко свест: Имплементацијата на мерките за справување со загадениот воздух затајува

И оваа зима граѓаните ќе дишат енормно загаден воздух, велат од невладината организација Еко-свест. Предупредуваат дека само 30 проценти од мерките за намалување на аерозагадувањето кои ги вети владата за годинава се завршени.

„Дефинитивно имплементацијата на мерките за справување со загадениот воздух затајува и не оди со таа брзина  што ние би сакале. Секако, наскоро ќе треба да престанеме да ги носиме и само оние мерки кои се популистички, а ова тешко им паѓа на носителите на овие одлуки“, вели Елена Николовска“ од Еко свест.