Актуелната пратеничка и потпретседателка во Собранието на Република Северна Македонија, Фросина Ременски е една од осомничените во рамките на новата истрага поврзана со Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски, отворена од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Во истрагата во која се опфатени пет физички лица и едно правно, како што соопшти обвинителот Љубомир Јовески, е и Ременски, а се сомничат за перење пари, измама и помагање. Меѓу нив,…
Секоја фирма и граѓанин што остварува повеќе од еден милион денари годишен обрт е ДДВ обврзник. Законот за ДДВ, со кој секое лице што врши стопанска дејност е ДДВ обврзник, предвидува паричен праг од само еден милион денари. Паричниот праг низ годините поминал низ дузина промени, но со последната измена донесена во 2016 година тој е понизок од било кога. Премиорот Зоран Заев најави исполнување на предизборното ветување и зголемување…
Јавното обвинителство отвори нова истрага за Бојан Јовановски во која вклучени се пет физички и едно правно лице за перење пари, измама и помагање. Како што соопштија од Обвинителството, Бојан Јовановски како првоосомничен во новата истрага сторил кривично дело „измама“ како и „перење пари“. Останатите се осомничени дека помагале при извршувањето на измамата, а тројца од нив се сомничат дека помагале и при перење пари. Правното лице осомничено во случајот,…
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска на денешната работилница по повод изготвување на нова Национална стратегија за борба против корупцијата, на новинарско прашање во однос на неодамнешните случаи за конфликт на интереси одговори дека тие ќе отвораат предмети за тие случаи, но најдобро е решенијата да се бараат во самата институција каде постои конфликтот. „Сите ние сме за некаква борба против корупција, но ретко кој сака да се бори, а…

















