Половично исполнување на критериумите за транспаретност, отчетност и интегритет при јавните набавки во 2018 година исполниле министерствата, владините секретаријати и Собранието, покажува најновото рангирање на 21 институција, објавено од Центарот за граѓански комуникации. Институциите просечно исполниле 55.2 % од максимално можни 100 % од критериумите во целиот циклус на јавните набавки, што пак споредено со претходните години е мало подобрување. Според Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации, институциите се…
Српскиот претседател Александар Вучиќ на денешната средба во Охрид најави посета на францускиот претседател Емануел Макрон на која ќе побара поддршка за проектот „Мал Шенген“. Вучиќ по состанокот на кој се дискутираше за регионална соработка на Западен Балкан рече дека со дозвола од премиерот Зоран Заев и албанскиот премиер Еди Рама, истото што ќе го праша Макрон за Србија, ќе го праша и за Македонија и Албанија. „Утре ќе се…
Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, денеска ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите дека е можна идна амбасадорка на Република Северна Македонија во САД. Таа рече дека засега приоритет и е Општина Тетово. „За мене тое е едно големо почитување, дека во САД секогаш сум се чуствувала како дома, и тоа е едно големо почитување со оглед на фактот дека за тоа се зборува. Но, уште две години имам…
Наместо да ги расветли, Рашковски дополнително ги подгреа шпекулациите за нетранспарентност во постапката во тендерот за приватизација на хеликоптерските услуги за итна помош и спасување. Трагите до добитникот на тендерот нѐ водат до еден анонимен Швеѓанец со балканско потекло и тазе формирани компании во Македонија и Шведска. Прво „ремек дело“ на Владата, вака генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски го опиша јавното приватно партнерство откако заврши изборот за најдобар понудувач…

















