Директорот на депонијата Дрисла, Горан Ангелов на вечерашната дебата организирана од Младинскиот образовен форум во рамки на кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ на која се дискутираше за загадувањето, тврдеше дека воздухот околу Дрисла е почист од оној во Аеродром и дека депонијата воопшто не го загадува воздухот во Скопје. “Јас живеам во Аеродром и кога одам во Дрисла на работа, таму воздухот е многу поздрав и почист. Тоа го тврдам затоа…
Министерот за животна средина, Насер Нуредини денеска два пати се обиде да ги избегне новинарските прашања поврзани со загадувањето на воздухот во Македонија. Пред почетокот на промоцијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, министерот одби да одговара на новинарски прашања со изговор дека нема време пред почетокот на настанот. По завршувањето на промоцијата, кога агендата предвиде прашања од присутните, тој повторно се обиде да го избегне одговорот на…
Ерол Ондероглу е турски новинар, претставник на Репортери без граници. Во 2016 година, Ондероглу е уапсен од владата на Реџеп Таип Ердоган под изговор дека поддржува курдски весник обвинет за ширење на тероризам. За време на неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, започнува бран од апсења на неистомислениците и засилена офанзива на турската влада врз критичките медиуми. По апсењето на Ондероглу, официјални претставници на ЕУ го обвинија…
„Жените се рамноправни со мажите во секое поле па и во политиката“ – ова е главниот заклучок на Женската академија за политичко лидерство на Форумот на жени на ЛДП која се одржа викендов во Маврово. „Самиот факт дека на последните парламентарни избори ЛДП имаше повеќе кандидати жени одошто мажи, како и повеќе жени претставнички во Собранието и скоро 50% советнички во советите на локалните самоуправи покажува дека како партија работиме…

















