Откако избегна кривична одговорност за дело во кое максималната затворска казна изнесува три години, поранешниот премиер Никола Груевски, може да „куртули“ од одговорност и за случајот познат во јавноста како „Насилство во Општина Центар“. Ова ако се земе предвид дека „шамарите за Жерновски“ се судски предмет започнат од СЈО кој трае најдолго, а се уште е без правна разврска. „Предмет кој во догледно време може да застари е случајот за…
Економистите од Институтот за економски анализи „Finance think“ ја коментираат најавата на Владата за зголемување на пензиите од 700 до 900 денари. Според нив, износот што Владата ќе треба да го префрли за зголемување на пензиите е висок и е над законски утврдениот праг. Од таму предупредуваат дека се доведува во ризик доследната имплементација на пензиската реформа. Од „Finance think“ посочуваат дека „порастот на пензиите над очекуваниот максиум креира дополнителни…
Три лица во градот Офенбах во Германија се уапсени од страна на германската полиција под сомнение дека планирале бомбашки напад во име на Исламската држава. Помеѓу тројцата уапсени е и 24-годишен Германец со македонско потекло. Тој е главниот осомничен во истрагата. Според германските власти тој имал намера да произведува експлозиви, а имал обиди да набави оружје и на интернет. Негови соучесници биле и двајца Турци во раните дваесетти години, јавува…
Струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко има рок до утре да го достави инвентарот на дивоградби во градот, потенцираше денеска министерот Едмонд Адеми, кој е претседател на Националната комисија за УНЕСКО, на првата јавна расправа за Нацрт-планот за управување со природното и културно наследство во Охридскиот Регион. Втората и третата јавната расправа за Нацрт-планот, кои ги организраат Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Министерството за култура и Управата за заштита…

















