Press "Enter" to skip to content

Теута Арифи сака да го заврши мандатот, за амбасадорско место ќе размислува во иднина

Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, денеска ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите дека е можна идна амбасадорка на Република Северна Македонија во САД. Таа рече дека засега приоритет и е Општина Тетово.

„За мене тое е едно големо почитување, дека во САД секогаш сум се чуствувала како дома, и тоа е едно големо почитување со оглед на фактот дека за тоа се зборува. Но, уште две години имам обврски кон граѓаните на Тетово кои ме избраа и јас би го завршила , а потоа сите опции се отворени“, изјави денеска Арифи на предавањето донација од Јапонија за Клиничката болица од Тетово.