Според министерката, Рената Десковска гласот на судството се слуша само кога станува збор за распределбата на парите и вели, луѓето од судската власта имаат најмалку кредибилитет да зборуваат кога довербата во нив е на најниско ниво. Нејзината реакција следи по протестот на судската администрација за додатоците на плата. Навистина е непријатно, рече министерката, кога во рамки на судството се јавуваат конфликти, внатре меѓу различни групи за начинот на поделба на…
Државната комисија за спречување корупција донесе иницијатива со која од претседателот на Владата, Зоран Заев, се бара да поведе постапка за утврдување на одговорност на вицепремиерот Кочо Анѓушев по владината одлука за намалување на царината за литиумски батерии за акумулатори. Претседателката на комисијата, Билјана Ивановска, при образложението врз основа на добиената документација и интервјуто направено со Анѓушев, рече деча предметот може да се подели во две фази. Во првата, има…
На денешниот самит во Солун, премиерот Зоран Заев се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. По средбата Заев изјави дека побарал помош од Мицатокис, а тој се согласил да се бори за Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори за влез во Европската Унија. „Мене ми е многу драго што премиерот на пријателска Република Грција ќе се бори за нашата земја, за да конечно го добие датумот за…
По денешната одлука на Кривичниот суд, обвинението за поранешниот премиер Никола Груевски за случајот „Траекторија“ да биде прогласено за застарено, судијката Оља Ристова за порталот „Фокус“ вели дека треба треба да се размислува за промени во Кривичниот законик. Таа го посочува хрватскиот модел. „Со измените би се направило кривичните дела сторени од функционери да биде речиси невозможно да застарат. Некаде во 2012 година присуствуав на предавање кое го држеше Марин…

















