Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, директорот на ЗНМ Драган Секуловски и директорката на Советот на етика во медиумите Марина Тунева изминатите два дена учествуваа на Глобалната конференција за медиумска слобода во Лондон. Конференцијата на која свои ставови и гледишта презентираа претставници на невладини и меѓународни организации, новинари и политичари од регионот е поделена на четири дела: – заштита и гонење во случаите на напади против новинарите…
Владата наместо да прифати одговорност и вистински да ја презентира ситуацијата во охридскиот регион на Сесијата на Комитетот за културно наследство во Баку, тие одлучија да одат со извитоперена реалност и лажна надеж дека самите ќе можат да го поправат безредието. Иако државата нема капацитет да ги спроведе препораките на УНЕСКО, Владата на сметка на тоа Охрид да не биде ставен на листата на светски наследства во опасност како влог…
Идејата за средба со граѓанските организации и претставници на владиниот кабинет е со цел власта да купи добри идеи и издржани предлози од младите и да ги чуе нивните потреби. Наместо тоа, видовме про-форма средба на која што владините преставници дури и ги демотивираа младите со добри идеи кои што дополнително треба да го подобрат животот на сите граѓани. Владата реши да ги слушне идеите на граѓанските организации, со цел…
Антонија Поповска: Цела кариера работам за децата, жалам и се извинувам поради несоодветните зборови
Новинарката Антонија Поповска до јавноста и до редакцијата на ИРЛ испрати извинување кое ви го пренесуваме во целост: „ Почитувани, При поставување прашање на денешната владина прес-конференција за новиот предлог-закон за основно образование, во делот кој се однесува на целосна инклузија на децата со попреченост во јавните училишта, искористив несоодветни зборови обидувајќи се да ја објаснам реалноста во училиштата. Дека темата е пречувствителна добро знам, со оглед на тоа дека во…
















