Новинарката Антонија Поповска до јавноста и до редакцијата на ИРЛ испрати извинување кое ви го пренесуваме во целост: „ Почитувани, При поставување прашање на денешната владина прес-конференција за новиот предлог-закон за основно образование, во делот кој се однесува на целосна инклузија на децата со попреченост во јавните училишта, искористив несоодветни зборови обидувајќи се да ја објаснам реалноста во училиштата. Дека темата е пречувствителна добро знам, со оглед на тоа дека во…
Чии се дивоградбите во Охрид? Дали локалните моќници кои што градат во Охрид се заштитени? На пример, советникот Нефи Усеини нелегално гради среде чаршијата пред познатиот охридски чинар, но е недопирлив за институциите. „Има дивоградби од секаков профил, од обични луѓе, до хотели“, вели градоначалникот додавајќи дека не смета дека во Охрид постојат моќници кои што се заштитени од институциите. „Од општина Охрид не се бара рушење, само регистер на…
Се извинува „до небо“, но оставка не поднесува, вака Драги Рашковски денеска на долга прес конференција се бранеше откако во јавноста протече аудио снимка за која што се тврди дека докажува како Драги Рашковски е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ. Најави тужби за новинари и опозицијата, а на прес конференцијата жестоко се бранеше и расправаше со присутните новинари.…
Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер. „Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе…
















