Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на денешната прес конференција објави дека е отворена истрага против двајца осомничени за случај во кој се инволвирани сопственик на телевизија, бизнисмен и јавен обвинител. Неформалниот сопственик на телевизијaта 1ТВ Бојан Јовановски и бизнисменот Зоран Милески – Кичеец се осомничени за кривичното дело примање награда за противзаконито дејствие, а Јовановски се сомничи и за перење пари. Двајцата осомничени преку јавен обвинител од ноември…
Шефицата на Специјалното јавно обвинителство Катица Јанева поднесе оставка, која ќе се активира кога партиите ќе се договорат за нејзиниот наследник и ќе го донесат новото законско решение. „Со месеци ги следам медиумските прилози за преговорите меѓу работните групи на политичките партиите за иднината на Специјалното јавно обвинителство. Еве, денес ја користам приликата да ја информирам јавноста дека јас нема да дозволам моето име да биде искористено за нечие алиби…
Неформалниот сопственик и шоумен Бојан Јовановски, во јавноста познат како Боки 13, е уапсен на граничниот премин Богородица и е задржан во полициска станица поради случај кој го води обвинителството за гонење на организиран криминал, потврдија од ова обвинителство за ИРЛ. Според неофицијалните информации, Јовановски е уапсен на граничен премин при влез во земјава, а со него во полиција е задржан и бизнисменот Зоран Милевски познат под прекарот Кичеец. Од…
Младинскиот тим на Истражувачката репортерска лабораторија реши да ги праша младите кое е нивното мислење за Младинскиот Културен Центар како институција и како тие се чувствуваат во врска со политичката пресметка околу директорското место на МКЦ. Разговаравме со неколку млади музичари и со една вработена во институцијата, се со цел да дознаеме како скорешните случувања влијаат на младите. Иако станува збор за Младински центар, во целата лавина на реакции по…

















