Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, со полициска придружба пред малку беше изнесена од нејзиниот дом во скопската населба Козле. Јанева е однесена во просториите на СЈО, каде во нејзино присуство се вршат претреси, а според извори од истрагата во исто време претреси се вршат и во нејзиниот дом во Гевгелија. Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во 14 часот закажа прес конференција, каде ќе соопшти повеќе детали за приведувањето на Јанева и…
20.8.2019 година По четири и пол часа распит во Обвинителството за организиран криминал, Катица Јанева си замина со насмевка и се уште во својство на сведок. Специјалната јавна обвинителка по исказот кај Вилма Рускоска не е осомничена во случајот „Рекет“. Во Обвинителството беше придружувана од адвокатот, Стеван Павлески, кој истовремено е адвокат на осомничениот Цветан Панделески во случајот „Империја“. По завршувањето на распитот Јанева даде штура изјава , без да…
20.8.2019 година Основното јавно обвинителство Скопје денеска ја отфрли иницијативата за кривично гонење на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата. „Пријавата беше поднесена против три лица за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, бидејќи делото застарело лани во мај “, соопштија од ОЈО. Од Антикорупциската комисија велат дека во текот на денот ќе излезат со став околу отфрлањето…
20.8.2019 година Со службено возило и возач, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дојде во Обвинителството за гонење организиран криминал за да даде исказ за случајот „Рекет“. Повикана е во својство на сведок, но пред обвинителката Вилма Русковска, Јанева ќе зборува во присуство на адвокатот Стеван Павлески. -Се надевам дека со моите аргументи и изјавата денеска, ќе ја забрзам истрагата, рече Јанева пред да влезе во зградата на Обвинителството. Таа ќе…
















