Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска со соопштенија реагираа на вчерашната прес-конференција на премиерот Зоран Заев на кој тој презентираше низа мерки со кои Владата ќе се бори со дезинформациите и лажните вести. Здруженијата велат дека со внимание ги следат чекорите на Владата и дека дел од мерките се загрижувачки за слободата на говорот и медиумите. Од ССНМ велат дека слободата…
Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови, рече еврокомесарот Јоханес Хан на денешната заедничка прес-конференција со премиерот Заев. Според него, клучно е до октомври да се усвои Законот за Јавно обвинителство кој нуди важни гаранции за владеење на правото и сите политички страни во интерес на иднината на државата и граѓаните да покажат одговорност. Тој вели дека за ЕУ најважно е во секое решение…
Со едукација на новинарите, медиумските работници, администрацијата за тоа колку штета на една демократија можат да направат дезинформациите, Владата ќе објави војна на лажните вести и дезинформациите. Ова денеска на прес-конференција го најави премиерот Зоран Заев и вети дека Владата ќе почне активно да го решава проблемот со лажните вести и ширењето на дезинформациите. „Дезинформациите се едни од главните предизвици на демократијата и алатка која се користи за манупулација на…
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева тврди дека е чиста и дека нема никаква вмешаност во случајот „Рекет“ кој минатата недела го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција. „Го разбирам, почитувам и оправдувам интересот на јавноста за случајот ‘Рекет’. Носител сум на јавна функција за која мора да има целосна транспарентност. Се извинувам што свесно оставив подолг период да не излегувам во јавноста иако не ми беше лесно да го…

















