22.8.2019 година Премиерот Зоран Заев и лидерот на СДСМ денеска по завршувањето на Централниот одбор на партијата најави дека утре до Собранието ќе достави предлог за избор на нови функционери. Тој најави дека Нина Ангеловска, сопствениката на „Групер“ ќе биде предложена за министер за финансии, а Кире Колемишевски за заменик министер за економија. Заменик министер за образование и наука ќе биде Елизабета Наумовска, а досегашниот заменик министерот за економија Кире…
21.8.2019 година По неколку часа распит во Кривичниот суд, судија на претходна постапка вечерва и одреди 30 дневен притвор на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. На одлуката на судот Јанева има право на жалба преку нејзините адвокати. Во случајот „Рекет“ Јанева како третоосомничена се сомничи дека ја злоупотребила службената положба и овластување. По завршувањето на распитот на Јанева, шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, за медиумите…
Џузепе Конте поднесе оставка како премиер на Италија, откако го обвини Матео Салвини, лидер на екстремно десничарската лига, како „опортунист“ за предизвикување на владина криза што може да има „сериозни последици“ за Италија. Конте официјално го предаде мандатот до претседателот на Италија Серхио Матарела по затворањето на дебатата во Сенатот во вторникот. Обраќајќи се на Сенатот, сега веќе поранешниот премиер Конте рече дека тој си поднел оставка само заради повлекувањето…
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, е осомничена за злоупотреба на службената положба во случајот „Рекет“. Обвинителството за гонење на организиран криминал бара да и се одреди притвор. Јавниот обвинител Љубомир Јовески соопшти дека од досега обезбедените докази се потврдува дека Јанева, искористувајќи ја својата положба во СЈО, влијаела осомничениот Јордан Камчев во случајот „Империја“ да добие олеснителни околности за време на истрагата, а за возврат тој исплатил 1,5 милиони евра.…

















