Советот на јавни обвинители денеска одлучи да ги испрати обвинителите на СЈО назад во обвинителствата од коишто доаѓаат. Но кој ќе ги води предметите на овие обвинители и дали опцијата да им се вратат на обвинителите на СЈО е во игра, тие посочија дека тоа може да се случи само по налог на Државниот јавен обвинител. Ако Јовевски сака, Јовевски може, ова е накусо пораката испратена од Советот до Јовевски.…
Една година траат обидите да се истражува работата на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски. Неговата работа во општината беше таргет на критичните медиуми и на истражувачките новинари кои пишуваа за незаконските процедури во кои што се оттуѓуваше државен имот и земјиште во општината. Во март годинава судијата не одобри притвор во Шутка за Јакимовски, за по шест месеци на барање на обвинителството Јакимовски да се ослободи од куќен…
Ако до 10 октомври нема правосилна пресуда за Никола Груевски, тој ќе се спаси од затворска казна за случајот „Траекторија“ поради застареност. Адвокатите на обвинетите за ИРЛ велат дека шансите за пресуда се никакви, бидејќи за три недели невозможно е да има простепена, а камоли правосилна пресуда од Апелациониот суд, што е неопходно за да се запази рокот и случајот да не застари. Обвинетиот Никола Груевски одбројува до 10 октомври,…
Договорот од Пржино во 2015 година, требаше да биде почеток на нов политички дискурс и конечна правда во Македонија по можеби најголемата политичка криза во државата. Од 2013 година наваму, ескалацијата на политичката криза ја наговестуваше се поголемото незадоволство во јавноста, изразено најпрво преку најмладите. Полициската бруталност, студентскиот и средношколскиот пленум, притворањето на новинарот Томислав Кежаровски, протестите против оданочувањето на хонорарите и кулминацијата со “бомбите на Заев” придонесоа за стриктна…

















