Министерката за правда Рената Дескоска денеска во Јавното обвинителство изјави дека предметите на СЈО ќе имаат завршница. “Трансферот на предмети кој се случува им ги помати сметките на оние кои посакуваа после 15 септември да нема Специјален јавен обвинител, да нема некој кој ќе ги заврши предметите, да постои институција со заглавени, незавршени предмети уште една година. Тој план направи штета – но пропадна. Сега е веќе извесно дека предметите…
Во Македонија нема случаи на висока корупција и многу уапсени функционери. Политичарите постојано ги обвинуваат противниците дека се корумпирани. Но, за една работа сите се сложни – кога станува збор за финансиското работење на партиите секоја од нив дава отпор да ги отвори своите трошења и работа транспарентно за граѓаните. Така беше со до “Талир” на СЈО. Но, и овој случај е на прагот да влезе во бесконечната листа на…
Нема закон кој ги обврзува Владата и локалната самоуправа при процесот на членови во раководните структури во државните претпријатија, укажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Ова практично значи дека власта може без конкурс и (ако сака) нетранспарентно да избира свои блиски луѓе во државните претпријатија, освен директорот, за најразличен интерес. Ова се однесува на сите влади досега. Владата и локалната самоуправа како основачи на претпријатијата, не објавуваат огласи…
По седум часа преговори, Заев и Мицкоски од Собранието си заминаа без договор. Новинарите во два часот по полноќ го напуштија Парламентот со по некоја штура информација од преговарачките тимови. Премиерот Зоран Заев пристигна прв во Собранието и им понуди на новинарите да даде изјава. Но, дел од нив го одбија и рекоа дека ќе го чекаат исходот од средбата. По десетина минути дојде и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и точно…

















