Државниот јавен обвинител Љубомир Јовевски денеска им го врати случајот „Монструм“ на обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски. Јовески вели дека приоритет на државното обвинителство се предметите кои се во судска постапка, за истрагите и предистрагите дополнително ќе се одлучува. „Приоритет ни се предметите кои веќе се во судска постапка. Насокоро ќе донесеме и одлука за тоа кои обвинители ќе ги застапуваат и другите предмети преземени од СЈО“, вели Јовески.…
Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Кривичниот суд во Скопје во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље. Тринаесет обвинети ги осуди на затворска казна во траење од 40 години, шестмина добија 20 години, а еден обвинет е осуден на 18 години затвор. Двајца добија затвор од 14 години,…
Актуелниот в.д. директор на државниот студентски дом „Пелагонија“ – Бујар Муртезани којшто 9 години директорува, повторно конкурирал за директорското место на домот. Од Управниот одбор на „Пелагонија“ велат дека тој ги исполнува условите и е еден од четворицата кандидати на кои ќе им биде извршено интервју во среда. Доколку Муртезани биде повторно избран, тоа ќе му биде трет мандат, што е спротивно од Законот за студентски стандард, според кој директор…
Пишуваат: Сашка Цветковска и Александра Д. Гоцевска Веста дека Стевчо Јакимовски излегува од куќен притвор по барање на обвинителот помина бледо и со штури известувања потопени од партиските агенди во нивните гласила, но и од веста дека од денес веќе навистина го нема СЈО. Малкумина се сеќаваат и на истрагата на ОЈО за Јакимовски, но уште се поматни сеќавањата за истрагата на СЈО за Јакимовски која го вклучуваше него, Никола…

















