Ако сите протестираат, вклучително и министерот, тогаш што го предизвикува насилството врз лекарите и каде треба да се бара одговорноста Пишуваат: Влатко Чаловски и Давид Илиески Од различни страни на клиничкиот центар дисперзирани групи на лекари се придвижија кон договорената локација за протест. Мотото е “Стоп за насилството врз белиот мантил”. Локација е дворот на Клиничкиот центар “Мајка Тереза” во Скопје. Организатор е Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари, а…
Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски е под истрага на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за спорниот тендер за набавка на радарски систем. Од Обвинителството информираат дека со овој предмет споена е и кривична пријава поднесена од политичка партија. „Во август надлежен јавен обвинител што постапува по предметот до Министерството за внатрешни работи издаде Наредба за прибирање на севкупната документација за предметот. Воедно е наредена и темелна…
Антикорупциската комисија е осамена во борбата со непотизмот. Нема поддршка од владините функционери кои се именувани во Управните и Надзорните одбори на државните фирми. Во ниту една институција во која беа утврдени роднинско – пријателски вработувања нема да бараат одговорност од директорите. Ваков одговор добиле антикорупционерите од Управните и Надзорните одбори во МЕПСО, ЕЛЕМ АД Аеродроми, Централен регистар, Совет на јавни обвинители и други. Директорите од кои нема да се…
Антикорупциската комисија бара да им се укинат привилегиите на поранешните претседатели на државата. Во изминатите 10 години за кирии, комуналии, службени возила и вработени во нивните канцеларии од државниот буџет исплатени се 1.000.000 евра. „За сиромашна како што е нашата, привилегиите на поранешните претседатели се луксуз кој треба да се преиспита“, рече на денешната седница претседателката Билјана Ивановска. По основ на кирии, од буџетот месечно се исплаќаат 4.500 евра за…

















