Британскиот премиер Борис Џонсон, денес за медиумите изјави дека Брегзит ќе се случи со или без договор. Тој додаде дека верува дека партнерите од Унијата ќе го променат својот став и ќе биде постигнат компромис, но доколку тоа не се случи, Велика Британија мора да биде спремна за излез без договор.
„Ние ќе бидеме подготвени да излеземе на 31 октомври, со или без договор. Секако, нашите пријатели и партнери од другата страна на каналот не покажуваат доволно волја да го променат својот став, но јас сум во ред со тоа, уверен сум дека ќе го сторат“, вели Џонсон.
Излез од Европската Унија без договор, за Велика Британија ќе значи дека земјата нема да добие период на транзиција, па претприемништвата и индивидуите ќе мораат веднаш да се прилагодат на новото уредување. Брегзит без договор може да резултира со покачување на цените на гориво, храна и други производи, засилени царински контроли и царински тарифи. Експертите предупредија дека нагло излегување од Унијата може да предизвика хаос во земјата и да доведе до невиден пад на фунтата, додека пак заложниците за Брегзит тврдат дека овие пресметки се преувеличени.