Press "Enter" to skip to content

Билјана Ивановска: Сите ние сме за борба против корупција, но ретко кој сака да се бори и да биде допрен со таа борба

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска на денешната работилница по повод изготвување на нова Национална стратегија за борба против корупцијата, на новинарско прашање во однос на неодамнешните случаи за конфликт на интереси одговори дека тие ќе отвораат предмети за тие случаи, но најдобро е решенијата да се бараат во самата институција каде постои конфликтот.

„Сите ние сме за некаква борба против корупција, но ретко кој сака да се бори, а уште помалку да биде допрен со таа борба. Тие состојби мора да бидат наше минато“, додаде Ивановска.

Ивановска додаде дека доколку институциите кои се засегнати не ги разрешат сами работите, тие ќе мора да постапуваат по службена должност, бидејќи тоа им е работа.

Можеби би ве интересирало

Најнова „бум“ стратегија за спречување на корупција