Press "Enter" to skip to content

Али Ахмети е загрижен за намалената доверба на граѓаните во институциите

Лидерот на ДУИ е загрижен за намалената доверба на граѓаните во правосудните институции, особено поради отсуство на договор за Законот за јавно обвинителство и случајот „Рекет“. Тој од денешното изборно собрание на огранокот во Чаир, испрати порака дека неговата партија се залага за владеење на правото.

„Довербата во правосудните институции мора да се врати во земјата. Токму тоа не загрижува во ДУИ. Но, и мене лично затоа што нештата многу се деградираа со последните случаи“ – изјави Али Ахмети, чија партија е на власт од 2002 година.

Доколку Ахмети се залага за правна држава, наредниот тест што ќе го има ДУИ е поддршка на институциите при уривањето на дивоградбата во Охрид на нивниот сопартиец и локален шериф Нефи Усеини. Како и справување со башибозукот на нивниот градоначалник во Струга Рамис Мерко.

Во продолжение погледнете ги видеата за Нефи Усеини и Рамис Мерко

(ВИДЕО) Локален шериф: Нефи Усеини

(ВИДЕО) Локален шериф: Рамис Мерко