Нина Ангеловска со 64 гласа „за“, а 18 „против“, беше избрана за Министер за финансии. По дводневна расправа на пратениците во Собранието, каде владејачката и опозициската партија ја искористија говорницата за препукување на (не)сработената работа од двете страни, Ангеловска беше изгласана за нова министерка за финансии, а Хисен Џемаили е избран за министер без ресор. Ангеловска беше критикувана од страна на критичната јавност поради отсуство на компетенции и искуство во сферата на макроекономијата и работата на финансиските институции, додека премиерот Зоран Заев уште од самиот почеток ја претстави со огромна доверба.
Во денешната собраниска расправа за новата министерка за финансии, Заев истака дека таа со своите менаџерски способности значително ќе придонесе за подобрување на економската состојба во државата.
„Нина Ангеловска со своите менаџерски способности дополнително ќе придонесе да се искористи овој многу битен период за нас“