На денешната посета на Арачиново од страна на техничкиот премиер Оливер Спасовски, претседателот на СДСМ Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири, земјоделец кој беше присутен во публика му се пожали на претседателот Заев дека тие во своите говори зборуваат за милионски инвестиции и милиони кои тој не ги разбира.
„Сега зборувате за милиони, јас не знам што се тие, немам ни 100 евра во џеб,“ вели земјоделецот.