Press "Enter" to skip to content

Заев: Бектеши е младо авангардно момче, негови се идеите за јавно приватно партнерство за скопската гасификација

Гасификацијата во Скопје ќе биде со јавно приватно партнерство, а Бектеши е младо авангардно момче со добри идеи за економијата, ова го рече премиерот Зоран Заев во интервју за „Економски магазин“ со Горан Теменугов на ТВ Алсат. На прашањето на новинарот дали оваа одлука за гасификацијата  на Скопје е донесена под притисок на ДУИ и дали тоа значи дека градоначалникот Петре Шилегов бил победен од Крешник Бектеши, Заев рече дека сите, па и Шилегов сфатиле дека ова е подобро решение. 

„Не е тоа дека победиле ДУИ. Јавно приватно партнерство дава резултати во оваа наша земја и треба да го употребуваме, дали е идеја на СДСМ или на ДУИ, тоа не е важно. Министерот за економија, точно е дека беше негова идејата за јавно приватно партнерство, тој беше авангарден. Крешник Бектеши е младо прошетано момче кое што има чест да ја води економијата“, рече Заев.