„Истрагата за случајот „Рекет 2“ привршува, а на почетокот на јануари може да се очекува и обвинение за овој случај“, изјави денеска шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.
Во овој случај покрај Бојан Јовановски, кој е првосомничен и во случајот „Рекет“ осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, заменик-претседателката на Меѓународниот сојуз Јасна Мандиќ, пратеничката од СДСМ и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски која беше почесна претседателка на сојузот.