Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) Катица Јанева беше избор на Груевски, но СДСМ не се противеа – интервју со Питер Ван Хојте

Кој ја посакуваше пропаста на СЈО и дали СЈО навистина некој го сакаше. Или, смее ли на Катица Јанева да и пресуди Вилма Рускоска. Разговараме со Питер Ван Хојте. 

Во моментов течат партиски преговори околу новиот закон за јавно обвинителство, СЈО и формално е затворена, обвинителите се враќаат од местата од кои што дошле, а нивната шефица е во притвор. Формирањето на Специјалното јавно обвинителство беше фундаментот на Пржинскиот договор, вели Питер Ван Хојте, поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор.

Катица Јанева очигледно беше избор на Груевски, но се чинеше дека тоа не им пречи на СДСМ. Се чинеше дека најголемите партии имаат внатрешен договор”, ќе рече Ван Хојте во интервју за ИРЛ.

Тој ќе го сподели своето разочарувањет поради пропаста на институцијата. СЈО која што стана симбол на стремежот на граѓаните за правда и правна држава. Со ИРЛ ќе сподели детали за тоа како течеле делот за СЈО за време на Пржинските договори.

„Имавме долги разговори и стандардизација како да се избере специјалниот обвинител но и дека секоја партија ќе има свој кандидат. И тогаш се изненадив бидејќи двете најголеми партии се чинеше дека имаат внатрешен договор. Тоа е моето чувство. Потоа тој кандидат беше избран. Ми беше драго, повеќе не постоеше проблем. Тие разговараа и надвор од процесот. Верував во тоа време дека тоа е добар развој. Сега не сум сигурен. Можеби тоа било дел од поголем договор. Не знам, но можеби еден ден појасно ќе ми биде. И ако ве прашам диркетно на чиј избор беше Катица Јанева, што ќе ми одговорите? Јасно е дека беше избор на ВМРО, тогашниот премиер Груевски ја предложи, но имав чувство дека на СДСМ не им пречеше. Дека тие претходно веќе контактирале и се договориле за неа како како кандидат”, ќе сподели Ван Хојте.

Истрагата за Јанева треба да ја води Специјално тело за истраги формирани за вакви намени, а не Јавното обвинителство.

Погледнете го целото интервју:

Поврзани стории

ИРЛ влезе во Пржино: Испорачаниот договор разочара со постигнатите резултати

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »