Press "Enter" to skip to content

Вашингтон Пост: Фејсбук групата „Ветераните за Трамп” беше хакната од бизнисмен од Северна Македонија

Страницата на Фејсбук „Ветераните за Трамп” во најголем дел од своето постоење беше токму она што се чинеше: Место каде што поранешните претставници на армиските служби го советуваа Доналд Трамп, разговараа за прашањата на ветераните и споделија конзервативни теми со своите повеќе од 100.000 следбеници. Се’ до март годинава кога “еден бизнисмен од Северна Македонија ја киднапира групата оставајќи ги Американците немоќно да гледаат како нивната страница започнува да работи под странска контрола, пишува “Вашингтон Пост” во приказната објавена вчера.

Во приказната е вмешан и братот на адвокатот од Велес,Трајче Арсов, за којшто ИРЛ и партнерите од Проектот за известување за организиран криминал и корупција и Базфид веќе обеледонија дека е вистинскиот сопственик на најпуларниот веб сајт од т.н. наречената велешка фабрика за лажни вести. Велешаните се прославија со претседателските избори во САД во 2016 година за што во матичните и други земји беа истражувани за можно влијание врз кампањата, по јавните прозивки дека тие му помогнале на Трамп да ја добие претседателската битка ширејќи лаги за неговите опоненти и конзервативна пропаганда во линија на неговите политики.

Клучна алатка во ширењето на пропагандата им беа фејсбук страниците од кои некои достигаа и до 2 милиона следбеници. По голем притисок од јавноста Фејсбук ги затвори овие страници, а со тоа им наштети финансиски на Трајче Арсов, брат му и стотици како нив кои заработуваа од претежно десна и конзервативна пропаганда. Но, се чини дека нашле нови начини како да допрат до посакуваната публика во САД, открива Вашингтон Пост.

Ветераните и активниот армиски персонал се особено вреден таргет за манипулација поради тоа што гласаат во висок процент и можат да влијаат врз другите кои се восхитуваат на лицата со стаж и служба во армијата.

Преземањето на фејсбук страницата на американските ветерани почнува со навидум наивна понуда која пристига до администраторите и сопствениците на групата, и самите ветерани, а доаѓа од лице кое се претставува како Андреј Спасовски и им нуди да им генерира профит преку нивната страница со тоа што ќе му дозволат да постира реклами. Ветува профит од десетици илјади долари годишно, а сето тоа преку нивната компанија „Ад Брејк“. Ветерантие наивно го прифаќаат договорот, за подоцна да сфатат дека се измамени. Тие им даваат административна моќ на лажните соработници за подоцна да сфатат дека се измамени кога го губат својот админ пристап до страницата. Тогаш сфаќаат дека таа повеќе едноставно не е нивна.  Додека бараат одговори и се борат со администрацијата на Фејсбук да си ја повратат страницата, ветераните откриваат дека компанијата „Ад Брејк“, всушност, е регистрирана во Куманово, Северна Македонија. Во Фејсбук пријавиле непријателско преземање од странски ентитет.

Велешаните собирале и донации во име на американските ветерани

Во меѓувреме, за ветераните кои постираат и се дружат во оваа група, останува незабележлива смената на администраторите бидејќи новите газди успеваат да останат под радарот постирајќи вообичаена содржина за ветераните кои се ентузијастични фанови на Трамп, а тоа се најчесто мемиња со пропаганда против противниците или фалби за претседателот. Се додека една жена не пише во порака на страницата за да праша како да уплати донација за ветераните во име на нејзиниот починат татко кој бил поддржувач на Трамп. Тогаш администраторот на страницата ја упатува директно до ПејПал акаунтот којшто е поврзан со нивната страница. На Фејсбук профилите веќе се шират постови, највеќе од администраторите, дека нивната група е непријателски преземена.

Браќата Арсови

Некаде помеѓу март и април, Ветераните за Трамп добиваат контрола од уште едно лице од Северна Македонија, Панче Арсов, помладиот од двајцата браќа веќе добро познати за оние кои ги проучуваат дезинформациите.

Повеќе за Трајче и Пане Арсов на овој линк

Тајните играчи од САД позади македонските „фејк њус“ велешки сајтови

Во разговор со Вашингтон Пост, Трајче Арсов зборувајќи во име на својот брат Пане Арсов ќе сподели дека се сеќава кога брат му го прашал дали да ја купи таа конкретна фејсбук страница. Му звучела познато и се присетил дека го познава сопственикот на Ветераните за Трамп. Тоа не се истите администратори од кои тие ја преземаат страницата, туку првиот сопственик на страницата пред ветераните и пред Арсови. Човекот е конзервативецот Томас Дилингам, поранешен маринец, а во времето кога страницата е негова, истата се вика Томас Дилингам, ветеран за Трамп. Потоа во 2015 година тој им ја продава страницата на другите двајца ветерани од кои што Арсов ја презема.

Тие полека ја билдаат популарноста на страницата и прават добра работа. Следната година, Дилингам работи како консултант за онлајн маркетинг, а клиент му е, како што самиот вели, и USApoliticstoday.com, веб страницата на Трајче Арсов и првата и најмоќна страница од серијата креирани во 2016 во Велес каде што се ширеа дезинфорамции за опонентите на Трамп.

Сагата со фејсбук групата  (Vets for Trump) e студиски случај за тоа како дезинформаците и политичкиот активизам можат да се помешаат и како линијата помеѓу домашната и странската пропаганда може да се помати во онлајн светот каде што профилите на социјалните мрежи можат да бидат купувани, продавани, дури и хакнати.  Борбата со дезинформациите би можела да стане уште потешка пред изборите бидејќи Фејсбук ги проширува своите приватни „групи“, кои се помалку транспарентни од „страниците“, како што се Ветс за Трамп. “Вашингтон Пост” пишува за опасноста која следи на следните претседателски избори во 2020,” пишува во сторијата.

Целиот текст на Вашингтон Пост прочитајте го на овој линк.