Еврокомесарката за правда Вера Јурова по првиот ден на Министерскиот форум за правда и внатрешни работи на Европска Унија и Западен Балкан, истакна дека нивните очекувања се секторот на правосудството да биде исполнет со професионалци кои имаат интегритет.
„Сакаме секторот на правосудство да биде пополнет со професионалци кои ќе уживаат доверба, за кои нема да има сомнежи околу нивниот интегритет и нивната професионалност, па процесот на ветинг може да е еден од инструментите што тоа може да го гарантира“, изјави Јурова.