Press "Enter" to skip to content

Царовска: Разочарана сум што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца

Разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца, напиша денеска на својот фејсбук профил министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, за протестот на жителите во Визбегово.

„Во однос на протестот на дел од жителите во Визбегово, навистина сум разочарана што сѐ уште се соочуваме со предрасуди, особено кога станува збор за деца. Трите деца сместени во малиот групен дом во Визбегово за првпат добиваат топол дом и 24 часовна грижа од стручни лица. Да не заборавиме дека позади синтагмата „социјално-воспитни проблеми и нарушено поведение“ се крие дете со тежок, несреќен почеток во животот. Должност е на државата, но и на целото општество, на секој од нас да направиме сѐ за да ги поддржиме да се развијат во идни активни, продуктивни и среќни млади луѓе. Се надевам дека разумот ќе преовлада и ќе се обединеме во заедничката цел – да обезбедиме топол дом и подобри услови за раст и развој за секое дете“, напиша Царовска.