Press "Enter" to skip to content

Три излагања од собраниската говорница за 13 години пратеничка кариера

Граѓаните кои го следат Собранискиот канал ретко можат да го слушнат гласот на Али Ахмети, лидерот на ДУИ. Неговите излагања од собраниската говорница во изминатите десетина година можат да се избројат на прсти на една рака.

На денешната седница на Собранието за ратификација на протоколот за НАТО, Ахмети во својата 13 годишна кариера како пратеник го имаше третото обраќање.

Накусо, Ахмети рече дека усвојувањето на протоколот ќе претставува пресвртница за сите граѓани како и дека тој никогаш не се откажал од помислата дека нашата држава еден ден ќе стане членка на НАТО.

„Честитки на сите кои ни помогнаа и ми ги одржуваа животот и душата“, рече Али Ахмети од собраниската говорница.

Според извештаите „Мој пратеник“ кои се објавени на страницата на Собранието, Ахмети е пратеник од 2007 година. По едно излагање од собраниската говорница имал во 2007, 2008 и последново во 2020 година.