Press "Enter" to skip to content

Обвинителка од колегиумот на Јовески за тетовската модуларна болница избрана за негов привремен наследник

Обвинителката Соња Симовска беше дел од стручниот колегиум од обвинители којшто го состави Љубомир Јовески. Таа, исто како и другите обвинителите, ценела дека не мора да се бараат причините за пожарот, туку гласала да се гонат болницата, докторот и директорот.  Известува: Бојан Стојановски Соња Симовска е нов в.д. републички обвинител. Со девет гласа „за“, Советот на јавни обвинители ја избра да ја врши функцијата, но не подолго од шест месеци.…

Интерпелација за Љубомир Јовески, Ислам Абази молчи за вечната предистрага за пожарот во Тетово

Државниот обвинител Љубомир Јовески шестгодишниот мандат успешно го менаџираше како човек кој се бори за правда. Неговиот личен интегритет никогаш не беше доведен во прашање. Месец и половина пред заминувањето на функцијата Јовески пред пратениците во Собранието ќе треба да ја брани неговата улога во една од најголемите национални трагедии. Пратениците од албанската опозиција му поднесоа интерпелација во која бараат одговорност за неговата улога во истрагата за пожарот во модуларната…

Беса, Алтернатива и Демократско движење бараат одговорност од Јовески

Група пратеници сакаат да иницираат јавна собраниска расправа, а пред народните избраници да реферира државниот обвинител Љубомир Јовевски. Интерпелацијата за него е поради сомнеж дека истрагата за пожарот во Модуларната болница во Тетово е намерно саботирана. Поддршка за интерпелацијата најави и опозициската ВМРО – ДПМНЕ.  Пет пратеници во Собранието потпишаа интерпелација за работата на државниот обвинител Љубомир Јовевски. На документот стојат потписи на опозициските народни избраници Африм Гаши, Сафије Садики…

Нова истрага за причините за пожарот и разрешување на Јовески бараат семејствата на жртвите кои загинаа во пожарот во модуларната болница

32 години држава, 32 години корупција што убива. Со овој слоган и со поставување на 14 изгорени бели маици на местото каде што некогаш се наоѓаше модуларната болница започна денешниот марш со кој се одбележа две годишнина од пожарот во болницата во кој живи изгореа 14 лица. Семејствата на жртвите кои го организираа протестот побараа да се отвори нова истрага за причините за пожарот и да се уапсат вистинските виновници…