„Потребни се темелни реформи во македонското судство“, „Договор нема, разликите за судските реформи останаа“, „Судски реформи без резултати“, ова се дел од насловите кои во последните 20 години осамнуваат во македонските медиуми. Во изминатите две децении евидентно е дека политичките гарнитури ги менуваат само позициите, но реториката останува иста. Кога се во опозиција критикуваат за корумпирано правосудство, криминална власт и заробени институции. Кога се на власт најавуваат одлучна борба против…
Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески за ИРЛ изјави дека обвинителството не постапува селективно кон ниту едно лице за кое има индиции или докази дека е инволвирано во случајот „Рекет“. Во тоа, вели јавноста ќе се увери во текот на судската постапка, кога ќе бидат презентирани сите докази. „Јавноста ќе може тогаш комплетно да процени преку вас медиумите дали ние определени работи сме ги испитале или не сме ги испитале докрај,…
„По барањето за меѓународна правна помош, Албанија не постапи целосно. Така што снимките од безбедносните камери не се обезбедени“, јавниот обвинител Љубомир Јовески по два и пол месеци од бегството на Никола Груевски соопшти дека најверојатно снимките од граничните премини во Албанија се избришани.
















