Press "Enter" to skip to content

Повик до граѓани: Помогни ни да ја истражиме одговорноста за енергетската криза

Драги сограѓани, потребна ни е вашата помош за да ги разбереме и истражиме вистинските ефекти од енергетската криза врз животот и животниот стандард на луѓето. Во потрага по одговорност, подготвивме кус прашалник кој ќе ни помогне да ги идентификуваме вашите најголеми стравови и проблеми за престојната зима. Вашите одговори ќе ни помогнат да ги поставиме вистинските прашања и да направиме стории  и истражувања кои ќе дадат точна слика за проблемите…

Државни пари за изборни информациски војни

Ова се вторите по ред избори кои се одржуваат согласно променетите правила: Кампањите на партиите ги плаќаат граѓаните од буџетот. Телевизиите Сител и Канал 5 ќе земат најголем дел од парите. Но, вистинскиот хаос е во сферата на онлајн медиумите. ИРЛ открива дека партиите бираат да трошат во своите табори, се даваат пари на портали блиски до партиските раководства и нивните европски сојузници, се финансираат клик баит медиуми, а некогашните…

Тивок бојкот на владата, националните телевизии во вестите не објавуваат изјави на министрите

Веќе трет ден на петте национални телевизии не се пренесуваат изјави и ставови на техничкиот премиер, министрите и нивните заменици во Владата. Во вестите на Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа ТВ се објавуваат тонски парчиња само од пониските ешалони во власта, односно директори на институции, а се пренесуваат и партиски ставови. Вчера техничкиот премиер Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче беа во посета на Торакална хурургија…

Груевски „потрошил“ 25 милиони евра во „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа“

Околу 25 милиони евра им дала Владата на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски на телевизиите „Сител“, „Канал 5“ и „Алфа ТВ“, во периодот од 2010 до 2017 година, објави „Призма“, повикувајќи се на податоците од владината датабаза „Отворени финансии“. Од вкупните 26.6 милиони евра за рекламирање во телевизиите, дури 25 милиони евра отишле кај овие три национални телевизии. На врвот е „Сител“, која инкасирала 10.2 милиони евра државни пари, потоа „Канал…