Press "Enter" to skip to content

ОЈО: Во аферата со вториот пензиски фонд нема место за кривичен прогон

Аферата со евентуалните неправилности во вториот пензиски фонд која ја објави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, нема да добие судска завршница. Основното јавно обвинителство Скопје, денеска објави дека донело резолуција со која одлучило дека во овој случај нема место за постапување. „По сознанијата и доказите кои беа собрани и превземени од Основното јавно обвинителство Скопје не се дојде до степен на основи на сомнение дека конкретно службено…

Владата најде начин како да им дава пари на приватните телевизии, се планира Фонд за медиуми

Владата загoвара формирање на Фонд за медиуми преку кој би се финансирале телевизиите и радијата. Според информациите на ИРЛ речиси два месеца се договараат формите како би одела оваа поддршка. Локалните и регионалните медиуми бараат парите да им се доделат ним, со оглед на лошата финансиска состојба во која се наоѓаат, но од Владата инсистираат во поделбата на колачот да учествуваат и националните телевизии. Намерата ја потврди и министерот за транспарентност…

Кому му одговараат бездомните кучиња на улица

Пишуваат: Александра Д. Гоцевска, Давид Илиески, Деница Чадиковска Кога ќе видиме бездомно куче со, народски наречената, жолта обетка, тогаш знаеме дека тоа куче било заловено од градските власти, односно го минале третманот на Вардариште којшто подразбира дека кучето е стерилизирано, вакцинирано и прочистено. Но, пребарувањето низ базите на податоци отвори сомневања дали бездомните кучиња во Скопје навистина го добиле третманот. Дали се само вакцинирани и пуштени, или навистина се стерилизирани. Податоците…

Рускоска контра Јанева: СЈО знаеше дека Груевски ги испразни сметките

Обвинителството за организиран криминал на чие чело е Вилма Рускоска денеска излезе со детали од досегашната истрага за бегството на Никола Груевски, нагласувајќи дека нема лоцирано кривична одговорност кај службени лица, но има пропусти кај надлежните институции. „До овој момент надлежниот обвинител нема утврдено постоење на кривична одговорност на службени лица кои помогнале или учествувале во организирањето и реализацијата на бегството на сега осудениот Никола Груевски. Досега прибавените докази упатуваат…