Press "Enter" to skip to content

„Со парите од запленетиот имот на ВМРО-ДПМНЕ ќе се отстранат галиите од Вардар“

Со оглед на неопходните средства да се отстранат галиите од реката Вардар, скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој и во предизборната кампања го форсираше прашањето со галиите, најави нова мерка.

Шилегов денеска порача дека со парите од запленетиот имот на ВМРО- ДПМНЕ, ќе се обесштетат сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстранат од речното корито.

„Отстранувањето ќе не чини 6–7 милиони евра. Кога ќе се заплени имотот на ВМРО-ДПМНЕ, најбогатата партија во Европа и ќе се продаде, дел од парите ќе ги искористиме да ги отстраниме бродовите“, рече Шилегов.

Одлуката за поставување на бродови во Вардар беше донесена во 2012 година, во времето на тогашниот градоналник Коце Трајановски.

Две од локациите за бродовите доби фирмата „ФалангаДИМ“, која со нив ќе стопанисува 10 години и на Град Скопје ќе му плаќа кирија од 1.050 евра за едниот сплав, и 1.250 евра за другиот.

Третата галија е по концесија на сопственикот на ресторанот „Воденица“.

Според договорот со Град Скопје, концесионерите треба да стопанисуваат со галиите 10 години.