Press "Enter" to skip to content

Синдикатот на Клинички центар бара покачување на платите до крајот на годинава

25.10.2019

Сегашната основна плата на докторите специјлисти е 44 517 денари, а барањето на Самостојниот синтикат на лекари на клинички центар  е до крајот на годинава да се искачи на 100.000 денари и двојно покачување на останатите здравствени работници. Со најавата за превремени избори се скратува рокот за реазлизирањето на ветувањето на премиерот и министерот за здравство. Од Самостојниот синдикат на Клинички центар бараат ова ветување да се реализира пред формирањето на техничка влада.

„Да ги потсетиме премиерот и министерот за здравство  за тоа што го ветија. 100.000 денари плата на доктор специјалист во Клинички центар, истовремено двојно зголемување на платата на здравствените работници. Тоа не е исполнето до сега и покрај  што власта се обидува да не убеди дека ние сме ги добиле тие 100 000 денари. Со пресметки на додатоци на плата, на дежурство на двојна работа“-вели Горан Беговиќ, претседател на самостоен синдикат на Клинички центар.

Од Синдикатот  најавуват дека ако ова ветување не се реализира следува шрајк. За две години платата на лекарите е покачена за 15 %.