Press "Enter" to skip to content

(Видео) Разговорите со лажниот Порошенко ги сведочеле и советници, одговорност кај службите нема да има

Измамениот премиер Зоран Заев вели дека никогаш не седел сам на државничките разговори за кои што секогаш се прават и записници. Во кабинетот со него, според Заев, секогаш седат или Дане Талески или Бојан Маричиќ кои што го советуваат за надворешна политика, односно европски интеграции. Во продолжение прочитајте го одговорот на премиерот за репортерот на ИРЛ за тоа како изгледа телефонски разговор на премиерот со високи државници и кој се грижи за протоколот и безбедносите проверки.

ИРЛ праша како успеале да стапат во контакт со премиерот, а оттука и кој е протоколот по кој се водат при разговор со политичари од висок ранг. За пример го дадовме случајот со Борис Џонсон, кој што и самиот Заев го спомна во своето обраќање, каде во првите 15 минути откриваат дека од другата страна на слушалката се работи за манипулација и го прекинуваат разговорот. Во случајот на Зоран Заев се работи за 60 минути разговор или три разговори од по 20 минути, а ниту тој ниту некој од неговите советници не ја забележале измамата.

Заев на ова одговори дека со политичарите често практикува директна комуникација преку некои од мобилните апликации како WhatsApp, а при тоа треба да имаат и перцепција за трошоците при разговори со странство.

„Протоколот не е дека се снимаат разговорите или дека има друг човек на линија за време на овие разговори. Обично седи до мене мој советник и прави записник од самиот разговор додека јас разговарам. Секако и јас и многу други политичари практикуваме директна комуникација, којашто се случува на WhatsApp, на обичен телефон или на некоја од другите апликации кои се користат. Се во зависност од каде сте имаме и перцепција за штедење кога разговарате со странство,“ вели Заев.

Тој рече дека нема да бара одговорност од службите и покрај пропустот.

„Првиот разговор е овде во канцеларијата, јас сум на работа, побарано е од претседателот Порошенко, наводно од претседателот Порошенко, да стапи во контакт со мене, а јас давам термин меѓу состаноци. Додека разговарам, кај мене седи службеник, најчесто тоа е советникот за надворешна политика Дане Талевски или ако се разговара за европски политики се случува да биде и Бојан Маричиќ или дел од другите советници. Тие водат записник, прво за да остави архива во државата, второ за да соопштиме на медиумите.“

 

 

Повеќе од Насловна централнаПовеќе теми во Насловна централна »